Концерт на пијанистот Арчиули на зимската програма на „Охридско лето“

Од:

Италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули, еден од најоригиналните изведувачи на денешната класична музичка сцена, вечер од 19 часот ќе настапи во Македонската опера и балет во рамки на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“ и со поддршка на Амбасадата на Италија во Македонија.

Дирекцијата на „Охридско лето“ соопшти дека репертоарот на Арчиули е огромен – од музиката на Бах до современата музика, со силен афинитет кон композиторите од САД. Оттаму наведуваат дека Арчиули, кој за цедето посветено на Џорџ Крамб беше номиниран за награда „Греми“, е исклучително талентиран и виртуозен пијанист кој постојано развива нови проекти и ги следи новите идеи и иновативните програми во светот на музиката.

Емануеле Арчиули редовно настапува во големите концертни сали и фестивали, како што се Берлинскиот фестивал, Виен Модерн, Ла Скала Милано, Биеналето на Венеција, Фестивалот за пијано во Мајами, Милерб театарот во Њујорк, Маџо музикале Фиорентино, Фестивалот на камерна музика Санта Фе, како и на меѓународните фестивали за пијано во Бреша и Бергамо. Предава современа музика на Академија ди Пинероло, професор е на конзерваториумот во Бари, а исто така е чест гостин професор на многу американски универзитети.

-Неговиот концерт во Скопје е дел од зимската понуда за љубителите на класичната музика, а тенденција е светски познати уметници да ја збогатуваат културната понуда на фестивалот не само во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, туку и во текот на останатиот дел од годината, соопшти Дирекцијата на „Охридско лето“.

Во рамките на „Охридско лето“ минатиот месец во црквата „Света Софија“ се одржа концерт на младите руски музичари – пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма