На платото пред спомен-куќата на Мајка Тереза, во Скопје, вечер Оркестарот на Армијата на Република Македонија ќе одржи концерт, по повод 2 Август – Илинден и 70 годишнината од АСНОМ.
На концертот кој ќе биде под диригентска палка на потполковник Драган Димитров, ќе бидат изведени композиции од домашни и странски автори, пригодни за вечерната свеченост.
Покрај настапот на оркестарот, баталјонот за почести ќе се претстави пред присутните со точката „ЕГЗИРЦИР“.
Со оваа активност, Армијата на Република Македонија учествува во чествувањето на празникот 2 Август – Илинден и чествувањето на 70 годишнинатата од АСНОМ, кое е во организација на Владата на Република Македонија.