Македонскиот обоист Васил Атанасов во пијано придружба на Тодор Светиев ќе одржи целовечерен концерт во Козенца, Италија, на покана на реномираниот меѓународен фестивал „Cosenza 2015″.
На програмата ќе бидат изведени дела од Шуман, Сен Санс, Асафиев, Колин, како и од македонскиот композитор Стојков.
Проф. Васил Атанасов, врвен уметник, педагог, солист на Македонската филхармонија, основач и уметнички раководител на Камерниот оркестар Скопски солисти, на Скопскиот дувачки квинтет, Трио Атанасов, Трио Мацедонико,…, е добитник на голем број награди и признанија. Во еден мандат беше и директор на Македонската филхармонија.
Настапувал во Италија, Шведска, Франција, Русија, Грција, Австралија, Германија, Мексико, Бугарија, Романија, Турција, САД, Северен Кипар, Јужна Кореја, Виетнам, Португалија, Албанија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово,… Неговите изведби се запишани на една ЛП-плоча, пет солистички компакт диска и четири со камерна музика.