Концерт на младите руски уметници Андреј и Марија Баранова на „Охридско лето“

Од:

На програмата на „Охридско лето“ вечер во „Света Софија“ од 21 часот концерт на младите руски уметници, Андреј Баранов на виолина и Марија Баранова на пијано.

Како што нагласи селекторката на музичката програма на фестивалот, Гордана Јосифова – Неделковска, изборот на уметниците кои настапуваат на „Охридско лето“ е согласно концепцијата на фестивалот покрај големи светски уметници, да им се отстапува простор и на уметниците од помладата генерација.

– Тоа се оние најуспешните, победници на престижни меѓународни натпревари или „ѕвездите што доаѓаат“. Доказ дека оваа идеја е полн погодок се потврди уште во далечната 2000-2001 година кога под циклусот „лауреати“ на „Охридско лето“ настапија пијанистите Денис Мацуев и Николај Лугански – најголемите пијанисти на денешницата, но и пријатели на „Охридско лето“.

На Охридско лето, како победници на престижни меѓународни натпревари имаат настапувано и сега веќе познатите уметници Петр Лаул, Николај Саченко, Александар Лубјанцев, Ана Виницкаја, Јуки Мануела Јанке…, изјави Јосифова – Неделковска, која во 2010 како член на меѓународното жири во Шведска имала можност првпат да го слушне виолинистот Андреј Баранов.

– Не беше тешко да се заклучи дека тој е новата виолинистичка звезда. Во 2012 година тој стана победник на престижниот натпревар „Кралицата Елизабета“, како и натпреварите „Benjamin Britten“ и „Henri Marteau“. Денес Андреј Баранов се вбројува меѓу највпечатливите руски уметници од младата генерација, додаде таа. После неколкуте победи на престижни уметнички натпревари тој гради исклучително успешна меѓународна кариера како солист, камерен музичари педагог. Студираше на Санкт-Петербуршкиот конзерваториум „Римски-Корсаков“ и конзерваториумот во Лозана кај легендарниот француски виолинист Пјер Амуајал. По успешното деби со Санкт-Петербуршката филхармонија во 2005 година тој настапувал во познатите светски сали „Concertgebouw“ – Амстердам, „Bozar“ – Брисел, „Großer Saal Mozarteum“, „Cadogan Hall“ Лондон, „Gewandhaus“ – Лејпциг, „Konzerthaus“ – Берлин, „Tchaikovsky Hall“ во Москва, салите на Санкт-Петербуршката филхармонија. Баранов свирел со најдобрите оркестри како филхармониите од Луксембург, Брисел, Сендаи, Лондон, Санкт-Петербург, оркестарот „MusicAeterna“, Штудгартскиот симфониски оркестар под диригентска палка на Т. Курентзис, В. Петренко, Н. Алексеев, М. Табачник и многу други. Од 2012 година тој е прв виолинист во квартетот „Давид Ојстрах“. Предава на бројни мастер класи ширум светот. Свири на виолината на Страдивари „Huggins“ (1708) позајмена од фондацијата „Nippon Music“.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор