Концерт на Младинскиот оркестар на ЕУ и „Фамес“ со виолинистот Даниел Роланд

Од:

Во понеделник, 22 мај, со почеток во 20 часот, во концертната сала на Филхармонија заеднички концерт ќе одржат Младинскиот оркестар на Европска унија (EUYO) и оркестарот на европскиот изведувачки институт „Фаме’с“ кој работи во Скопје. На програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Харисон Биртвисл, Тери Рајли и Антонио Вивалди, а како солист ќе настапи еден од најдобрите бритaнтски и светски виолинисти – Даниел Роланд. Концертот е насловен „Earth4All“ и претставува своевидна платформа на активизам во која преку музиката ќе биде упатена моќна порака за заштита на животната средина, демократијата и одржливоста на нашата планета.

Концертот на Младинскиот оркестар на Европската унија се релизира како соработка меѓу институтот „Фејмс“ и Филхармонија на РСМ.

Младинскиот Оркестар на Европска Унија – EUYO е еден од најеминентните симфониски оркестри. Составен е од 120 селектирани музичари (селекција од 2500 пријавени кандидати) на возраст од 16 до 26 години, кои доаѓаат од 27-те земји од ЕУ. На крајот на 2022 година, Оркестарот со гордост го претстави својот нов дом во Графенег, поддржан од Владата на Австрија. EUYO соработувал со голем број врвни светски музичари, почнувајќи од светски познатиот диригент Клаудио Абадо, кој е еден од основачите на овој оркестар, па се до нивниот шеф диригент -Василиј Петренко. Оркестарот досега реализирал стотици концерти на петте континенти, вклучувајќи ги настапите и на „БиБиСи Промс“, Карнеги Хол и Музиквереин во Виена. BBC Proms, Carnegie Hall и Musikverein во Виена. Неодамнешните проекти ги вклучуваат и серијата на концерти „Мир во Европа“, „Музички Хаб Австрија“ и „Кафе Баухаус“. Сите овие иновативни проекти се поврзани со тековните и моментални прашања кои ги засеgаат општествата. EUYO е поддржан од програмата Креативна Европа при Европската Комисија и 27те земји членки на ЕУ.

ФАМЕ’С европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во објектот и професионалното студио на ФАМЕ’С во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа. Овој проект е дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE), поддржан од Европската Унија. Креирајќи професионална и оригинална оркестарска и музичка содржина, преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство. Овој институт во кој главен фокус има делувањето на оркестарот кој работи во полето на класичната, хибридната, филмската музика, професионално снимање на оркестарска музика. Фаме’с институтот беше домаќин на голем број млади музичари од различни земји од Европа (земји учеснички во програмата Креативна Европа) како и врвни музички уметници кои ги раководеа активностите на оваа програма. Меѓу нив, се и диригентот Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Оливие Дежурс, Етијен Аблеин, Габриел Прокофјев, Игор Корети и Емили Дејвис.

Виолинистот Даниел Роланд е еден од водечките на светската музичка сцена. За него велат дека „звучи како ниту еден друг виолинист, и дека креира специфичен звук на инстриументот на кој што свири“(Шарлот Гарднер, „Грамофон“), дека поседува „гламурозен тон“ (Ричард Бретби, „Грамофон“), „фасцинатен тон во кој има деликатни финеси“ (Тим Ешли „Гардијан“)…

Роланд се етаблира на светската музичка сцена како изведувач со харизма и авантуристички дух, кој изведува различен репертоар. Изведува музика од Бетовен, Брамс, Елгар, Корнголд, Прокофјев, Шнитке, а соработувал со водечки диригенти и солисти. Изведува и современа музика – концертите на Вакск, Линдберг, Глас, Саариаго и Ван дер Аа. Роуланд е и пасионарина камерен музичари, настапувал со Ајви Гитлис, Николас Даниел, Ана Федорова, Нино Гветадзе, Мајкл Колинс, Елвис Костело… Бил член и на кваретот „Бродски“, еден од водечки камерни состави во светот. Освен што редовно настапува на светските музички сцени, Роланд работи и како професор на Кралскиот колеџ во Лондон.

Би можело да ве интересира

Концерт на „Мизар“ и „Хармосини“ во Македонска филхармонија

Aнгелина Димовска-Миташева нова директорка на Филхармонија

Вработените во Филхармонија бараат разрешување на в.д. директорот Лазаровски

„Заедно“ со оркестарот на Македонската филхармонија

Концерт на Филхармонија со Табаков и перкусионистката Колева од Бугарија

Со двата распродадени новогодишни концерти Филхармонија ја заокружува годината