Aнгелина Димовска-Миташева нова директорка на Филхармонија

Од:

Aнгелина Димовска-Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, потврдија од Филхармонија.

Досегашен в.д. директор беше Даниел Лазаровски, кој беше на функцијата од септември минатата година.

Синдикалната организација на Филхармонија минатата недела поднесе петиција до Министерството за култура за разрешување на Лазаровски, поради како што велат, неправилности во работењето и низа незаконски постaпки. На ова, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека доколку Синдикатот за култура во оваа институција има одредени сознанија за мобинг од страна на директорот, постојат инстанци каде тоа треба да го пријават и тој ќе биде соодветно санкциониран.

Би можело да ве интересира

Вработените во Филхармонија бараат разрешување на в.д. директорот Лазаровски

„Заедно“ со оркестарот на Македонската филхармонија

Концерт на Филхармонија со Табаков и перкусионистката Колева од Бугарија

Со двата распродадени новогодишни концерти Филхармонија ја заокружува годината

Македонска филхармонија ќе свири класика овечковечена на големото филмско платно

Роденденски концерт на Македонската филхармонија