Концерт на Младински светски џез оркестар во кино „Фросина“

Од:

Младинскиот светски џез оркестар (JM World Jazz Orchestra) предводен од американскиот диригент Луис Бонила вечер (20:00) ќе одржи концерт во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

Концертот, кој е дел од програмата на „Скопско лето“ требаше да се одржи синоќа во Сули ан на Факултетот за ликовни уметности, беше одложен поради нестабилните временски услови и појава на дожд, информираат од „Скопско лето“.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира концертот во соработка со Музичката младина на Македонија.

Тоа е прв интернационален младински џез-оркестар во светот составен од 18 млади професионални џез-музичари избрани преку отворени глобални аудиции. Бендот работи со најдобри диригенти, уметници и композитори во светот и годишно оди на турнеја, појавувајќи се на престижни европски сцени и џез-фестивали.

Во рамки на нивната седма европска турнеја, овој месец тие музицираат на Балканот. Претставувајќи 12 земји, младите музичари ќе ги посетат Македонија, Бугарија, Хрватска и Словенија.

Младинскиот светски џез-оркестар е формиран во 2012 година од ЈМ Интернешнал – мрежа од невладини организации за музика за млади. Оркестарот работел со познати интернационални џез-артисти како Гонзало Рубалкаба, Џон Рајли, Хектор Мартигнон, Карлхајнц Монтро и Сиги Фигл. Има настапи на масовни концерти и џез-фестивали, вклучувајќи ги Монтро џез-фестивал, Џез-фестивалот Северно Море и Уникредит Павилјонот на Милано.

Диригентот Луис Бонила, кој го предводи мултинационалниот оркестар, е меѓународно признат тромбонист, композитор и едукатор од САД.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска