Концерт на млади композитори на Деновите на македонска музика 2015

Од:

Дела на млади македонски композитори ќе бидат изведени утревечер во Музејот на Град Скопје во рамки на манифестацијата „Денови на македонската музика“.

Публиката ќе има можност да слушне дела од Андреј Блажевски, Маријана Јаневска, Никола Коларовски, Маја Јовановска, Филип Иванов, Кирил Крстевски, Ангел Спироски и Алмир Бајрамоски.

Младите композитори се студенти на Факултетот за музичка уметност Скопје, од класите на професорите Јана Андреевска, Сони Петровски и Дарија Андовска.

Композициите премиерно ќе ги изведат млади исполнители меѓу кои Душко Дембовски, Билјана Камчева, Александра Петковска, Стефан Алексовски, Полина Тасева, Ања Јагодиќ, Петруш Петрушевски, Јане Дунимагловски и др.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје