Концерт на Марина Николовска, Маја Чанаќевиќ и Владимир Лазаревски во КИЦ на Македонија во Софија

Од:

Во галеријата на КИЦ на Македонија во Софија вечерва концерт ќе одржи дувачкото трио, составено од македонските музичари Владимир Лазаревски (обоа), Марина Николовска (обоа) и Маја Чанаќевиќ (англиски рог).

Програмата на концертот е поделена во два дела, музички и стилски. Во првиот дел се потенцира негувањето на класичниот звук на камерното музицирање, додека во вториот дел, преку различните танци, публиката ќе има можност да прошета низ различни делови од светот.

Дувачкото трио е камерен состав чии членови потекнуваат од оркестарот на Македонската Филхармонија во Скопје. Членовите на ова трио соработуваат долги години и досега реализирале бројни концерти токму во ваков состав.

Владимир, Марина и Маја се инструменталисти кои го негуваат камерното музицирање и настапуваат и како солисти во различни други ансамбли.

Би можело да ве интересира

Пијанистите Арда Мустафаоглу и Леви Шехтман ќе го претстават проектот насловен „88 Dimensions“

Брус Спрингстин ја откажа својата турнеја во септември поради здравствени проблеми

Пејачи го откажуваат настапот на пикникот на СДСМ: „Не ни кажаа дека ова е партиски собир, изманипулирани сме“

Орце Костов

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Тепачка на концертот на Теа Таировиќ во Битола: Малолетници се пресметале со ножеви

Орце Костов

ВИДЕО: Пејачот поради болест не можеше да го изведе познатиот хит: публиката истовремено пееше и плачеше

Предраг Петровиќ