Концерт на кубанскиот пијанист Леонел Моралес на „Охридско лето“

Од:

Со дела од Бетовен, Рахманинов и Стравински ќе се претстави вечер на „Охридско лето“ кубанско-шпанскиот пијанист Леонел Моралес кого критичарите го опишуваат како изведувач со брилијантна техника, леснотија, елеганција и неверојатна прецизност во свирењето. Концертот е во црквата „Света Софија“ од 21 часот.

Дипломирал на Универзитетот во Хавана, под менторство на пијанистот Франк Фернандез, инаку студент на еминентниот руски пијанист Виктор Мерзанов, следејќи го методот на традиционалната руска школа. По завршувањето и на постдипломските студии, Моралес се преселил во Шпанија, каде што почнал активно да настапува и да учествува на голем број национални и интернационални натпревари, на кои освојувал значајни награди. Настапувал во речиси сите големи музички центри во светот, каде што одржувал мајсторски школи.

Во најавата за концертот на Моралес, „Охридско лето“ посочува дека еден од поинтересните курсеви на пијанистот е оној на кој тој ги анализира и ги интерпретира сите 32 Бетовенови сонати.

Во текот на кариерата Моралес настапувал со некои од најзначајните оркестри во светот и соработувал со голем број реномирани изведувачи и интернационално признати диригенти, меѓу кои Виктор Пабло Перез, Макс Валдес, Михаил Јуровски, Александар Рабари, Жак Мерси, Франц Крејгер…

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор