Концерт на „Калашима“ на „Скопско лето“

Од:

Концертот на италијанскиот бенд „Калашима“ вечер од 21 часот ќе се одржи во кино „Фросина“ наместо во Сули ан поради најава за дожд, соопшти „Скопско лето“.

На концертот, кој се организира во соработка со Амбасадата на Италија и „Оффест“, ќе настапат шест музичари на различни инструменти – перкусии, дајре, хармоника, усна хармоника, тар, тарабука, канџира, џембе, кахон, џампоња (италијанска гајда), флејта, флагола…

-Експлозивни, енергични, врвни, „Калашима“ се меѓу најатрактивните бендови во Италија. Шест пријатели, израснати со мелодиите и хипнотичките ритми на магичниот ритуал на Таранта, повторно ја изменуваат традицијата со дива мешавина на електронски и лисергични ритми и оригинални мелодии во фолклорен амбиент, соопшти „Скопско лето“ во најавата за концертот.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022