Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Од:

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва, 13.07.2024г. (сабота), ќе се одржи концерт на аматерскиот женски хор „ФРИДА“, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба.

Диригент и уметнички раководител: Сузана Турунџиева

На програмата на концертот ќе бидат изведени светски хитови („Light of Life“, „Dance Me to the End of Love“, „Islands in the Stream“, „Sway“ и останати), како и обработка на македонски безвременски хитови („Свири ми свири“, „Еден бакнеж“, „Роза сина“, „Бакни ме нежно“, „Галебе мој тажен“, „Есенска роза“ и други).

Во времетраење на целовечерниот концерт, на тема „ФРИДА КАЛО – уметност која непрестајно инспирира и мотивира“ ќе биде поставен изложбен штанд со рачни изработки, изработени од хористките и од Сузана Турунџиева, кои на самиот настан ќе се продаваат. Средствата кои ќе бидат соберени ќе бидат наменети на некоја „Фрида од нашето секојдневие која се соочува со здравствени предизвици“, а и се потребни за лекување.

Аматерски женски хор „ФРИДА“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот го сочинуваат околу 60 хористки аматери, со големо хорско искуство. Нивниот ентузијазам, талент, креативност, посветеност и желба за групно музицирање е причина повеќе хорот да постави високи цели и предизвици кои за релативно кратко време од неговото формирање им обезбедија настапи на повеќе манифестации од јавен карактер. Тука би ги издвоиле: Новогодишниот целовечерен концерт „Фрида – БЕСМРТНА“, Концерт по повод денот на виното и љубовта, насловен како „Viva la vida, viva la musica“, Осмомартовски концерт, насловен како „ФРИДА КАЛО – неисцрпна инспирација“, Хуманитарниот настан по повод 21 март – ден на лицата со Даунов синдром „Хуманоста на дело 2024“, а во план се и уште неколку планирани настани на културните лета низ нашата земја. На репертоарот на а.ж.х. ФРИДА се наоѓаат: преработки на светски хитови од 60ти, 70ти, 80ти години, македонски евергрини, обработки на стари македонски песни, како и неколку госпел композиции. Во хорот, низ процесот на работа, се издвојува и една мала група на солисти, кои постепено и скромно, се охрабруваат да го покажат својот талент.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022

Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“