Во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 19 часот во Националната опера и балет концерт ќе има обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, на кој ќе настапат и гитаристот Влатко Стефановски, флејтистот Страшо Темков и пијанистите Елена Атанасовска–Ивановска и Инес Неделковска.
На програмата се дела од Пјацола, Веруст, Мориконе, Николовски и обработки на македонски народни песни.
Дирекцијата за култура и уметност-Скопје ќе го организира концертот согласно со здравствените протоколи за јавни настани за заштита од ширење на КОВИД-19.