„Есенски музички свечености“ годинава со 13 програмски термини

Од:

Со концертот на „Танец“ и на Влатко Стефановски во салонот на Националната опера и балет задутре, 5 ноември, почнува 22. издание на традиционалниот фестивал „Есенски музички свечености“. Годинашното издание ќе понуди 13 програмски термини, најмногу од областа на класичната музика, но и две промоции на книги, кои се исто така поврзани со музиката.

Директорот на Дирекцијата за култура и уметност во Скопје, Никола Георгиев на денешната прес-конференција и за годинава најави дела од македонски автори, но и простор за младите уметници кои допрва доаѓаат на сцената, а тоа е Младинскиот музички маратон.

Според директорот, отворањето на „Есенските свечености“ со концертот „Танец“ и Влатко Стефановски претставува своевидна класика за нашата музика, за музиката на оваа поднебје, и верува дека дадената доверба ќе биде оправдана од страна на „Танец“ и на Влатко Стефановски.

Георгиев денеска ги најави и останатите национални установи кои се дел од овој фестивал. Филхармонија годинава учествува со концертот „Убава Русија“. Диригентот е Конрад Ван Алфен од Холандија, а солист е Марија Солозобова – виолина од Русија/Швајцарија.

Национална опера и балет, пак, ќе учествува со оперската претстава „Кармен“ од Жорж Бизе. Диригент е Оксана Мадараш од Украина, а режисер е Нина Најденова од Бугарија.

Оваа година во рамки на „Есенските музички свечености“ се одбележува и јубилеј, односно 25 години посотење на „Света Злата Слави“ – женски камерен хор „Св. Злата Мегленска“. Диригент е Летка Димовска – Полизова, Влатко Стефановски – гитара, Сања Шуплевска – виолина, Васил Гарванлиев – вокал, Калина Велковска-Кали – вокал, камерен ансамбл „Поилифонија“ и Иван Еминовиќ – пијано.

-Полека но сигурно годинава „Есенските музиччкои свечености“ се враќаат на своите стари патеки, и покрај тоа што кроната се уште трае, минатата година „Есенските свечености“ беа посветени исклучиво на домашните уметници. На тој начин покажавме и докажавме дека оваа наша земја располага со врвни уметници и талентирани изведувачи и автори. Она што годунава во рамки на фестивалот како меѓународно учество го вклучуваме во програмата, само треба да придонесе во збогатување на истата, рече Георгиев.

Генералниот директор на Национална опера и балет, Васо Ристов во рамки на фестивалот ја најави оперската претстава „Кармен“.

– НОБ секогаш ги поддржува националните установи како и Дирекцијата за култура и Скопско лето на град скопје. Нашата соработка продолжува понатаму, и секогаш даваме поддршка за музичката култура во земјава, рече Ристов на денешната прес-конференција.

Македонската уметница Весна Ангелова Христов го најави својот концерт за во понеделник, 8 ноември, и посочи дека станува збор за камерен концерт во Музејот на македонската борба, и ги повика сите љубители на класичната музика да дојдат и да уживаат во музицирањето.

Уметникот Бранко Павловски за во среда го најави концертот триото од долче во состав кларинет, фагот и пијано.

-Јас се јавувам во улога на камерен музичар во трио кларинетист, на фагот ќе настапи Даниел Апостолов и на пијано Ема Попивода. Ние ќе интерпретираме дела од рускиот композитор Михаил Клинка со неговото трио, и дела од германскиот романтизам на Карл Гетфард триото по 75, триото во цедур од Бетовен и концертната пиеса за кларинет, фагот и оркестар, која што е доктрирана за концерт со пиано од германскиот композитор Феликс Менденсон, рече Павловски на прес-конференцијата.

Фестивалот „Есенски музички свечености“ традиционално се оддржува со поддршка и под покровителство на Министерството за култура и Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Почнуваат Есенските музички свечености

Ана Ололовска

Концерт на Валентин Наумов и Верица Дивитарова

Ана Ололовска

Концерт на Гордана Јосифова-Неделковска на „Есенски музички свечености“

Ана Ололовска

Гала оперски концерт на фестивалот „Есенски музички свечености“

Ана Ололовска

Годинава 21-во издание на фестивалот „Есенски музички свечености“

Ана Ололовска

Концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност

Ана Ололовска