Годинава 21-во издание на фестивалот „Есенски музички свечености“

Од:

Годинава по 21-ви пат ќе се одржи традиционалниот фестивал „Есенски музички свечености“, најави Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Годинешното издание на фестивалот ќе биде посветено на домашните уметници, а ќе се одржи согласно здравствените протоколи за спроведување на мерките за заштита од КОВИД-19.

Во програмата која Дирекцијата за култура и уметност на Скопје ја има подготвено планирани се настапи на државните институции, како и повеќе камерни концерти. Од Дирекцијата соопштија дека целосната реализација на програмата сепак ќе зависи од тоа како ќе се развива здравствената состојба во државата и според протоколите кои ќе бидат донесени од државните органи. Затоа, програмата ќе биде сукцесивно и навремено објавувана во текот на месец ноември.

Официјалното отворање на „Есенски музички свечености 2020“ ќе биде одбележано со Гала оперскиот концерт на Националната Опера и Балет на 4 ноември со почеток во 20:00 часот. На концертот ќе настапат солистите, хорот и оркестарот на НОБ под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

Следниот настан кој е најавен е концертот на Гордана Јосифова Неделковска – обоа, со гостите Влатко Стефановски – гитара, Страшо Темков – флејта Елена Атанасовска – Ивановска – пијано и Инес Неделковска – пијано. Концертот ќе се одржи на 6 ноември, во салонот на Националната Опера и Балет, со почеток во 20:00 часот.

Покровители на настанот е Министерството за култура и Град Скопје, со поддршка од Националната Опера и Балет, Филхармонијата, Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, Домот на АРМ и уметниците кои се бидат дел од „Есенски музички свечености 2020“.

Би можело да ве интересира

Почнуваат Есенските музички свечености

Ана Ололовска

„Есенски музички свечености“ годинава со 13 програмски термини

Ана Ололовска

Концерт на Валентин Наумов и Верица Дивитарова

Ана Ололовска

Концерт на Гордана Јосифова-Неделковска на „Есенски музички свечености“

Ана Ололовска

Гала оперски концерт на фестивалот „Есенски музички свечености“

Ана Ололовска

Концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност

Ана Ололовска