Гала оперски концерт на фестивалот „Есенски музички свечености“

Од:

Гала оперскиот концерт во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2020 вечерва ќе започне во 19.00 часот, наместо во 20.00 часот согласно новите мерки на Владата.

Гала концертот е во режија на Дејан Прошев и под диригентство на Иван Еминовиќ.

Ќе настапат оперските солисти: Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров и хорот и оркестарот на НОБ.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Би можело да ве интересира

Почнуваат Есенските музички свечености

Ана Ололовска

„Есенски музички свечености“ годинава со 13 програмски термини

Ана Ололовска

Концерт на Валентин Наумов и Верица Дивитарова

Ана Ололовска

Концерт на Гордана Јосифова-Неделковска на „Есенски музички свечености“

Ана Ололовска

Годинава 21-во издание на фестивалот „Есенски музички свечености“

Ана Ололовска

Концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност

Ана Ололовска