Концерт на „Брастет Скопје“ на „Скопско лето“

Од:

Во рамки на „Скопско лето“ вечер од 21 часот на плоштадот „Сквер Јадран“ концерт ќе има новиот дувачки квинтет „Брастет Скопје“, формиран годинава од музичари со повеќегодишно искуство.

Членови на дувачкиот квинтет се: Александар Златески и Диме Танчев (труба), Горан Илијевски (тенор туба), Енис Мехмедов (тромбон) и Мицко Дамњановски (туба), а во составот е и Теодор Теодосиевски кој настапува на тапани.

Од „Скопско лето“ соопштија дека „Брастет“ претежно свират музика приспособена (аранжирана) за брас-квинтет со додадени ударни инструменти.

-„Брастет“ е нов, но одличен брас-состав од музичари кои со нивното повеќегодишно искуство од речиси сите сфери на музиката ќе се обидат да донесат добар звук, свежа програма и одлични настапи. Нивната тенденција е да се избегне стереотипна програма за ваков состав и да се доближи до публиката популарната музика, вклучувајќи и филмска музика и популарна класика, наведува „Скопско лето“.

Покрај концертот на дувачкиот квинтет, на програмата на летниот скопски фестивал од 20 часот е и новата претстава на МНТ – „Макбет“ од Шекспир во режија на Нела Витошевиќ.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022