Концерт на Ансамблот за современа музка „КонТемпора“

Од:

Во Македонската опера и балет вечерва концерт ќе одржи Ансамблот за современа музика „КонТемпора“.

Концерт ќе биде второ претставување на ансамблот пред македонската публика по неговото формирање минатата година од страна на Сојузот на композиторите на Македонија.

На програмата се дела од македонски и странски автори, од кои најголемиот дел ќе бидат изведени премиерно како што се „Пасторала“ за обоа (англиски рог) и пијано на Илија Илиевски, „Каливех“ за соло виолина од иранскиот композитор Махјар Хемати, „Патувањето на рибарот“ за обоа и фагот од индонезискиот композитор Мишел Тамбувун, Дувачко трио од бразилскиот автор Хеитор Вила-Лобос, „Медитација“ за виолина и пијано од италијанскиот композитор Аурелио Ското и Дувачки квинтет од американскиот автор Ричард Хембри.

Ќе настапат седум членови на ансамблот Катерина Бачевска (флејта), Владимир Лазаревски (обоа, англиски рог), Игор Иванов (кларинет), Марјан Милошевски (фагот), Владимир Костов (виолина), Бојан Талески (виола), Петруш Петрушевски (контрабас) и Ана Гацева (пијано).

Ансамблот е камерен состав кој делува исклучиво на полето на современата музика и е ориентиран кон изведба на нови дела од домашни и странски автори. Брои 20 членови и во зависност од репертоарот делува во повеќе формации.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ