Концерт на ансамблот „Македонија“ на Скопско лето

Од:

Ансамблот „Македонија“ вечер ќе одржи концерт „Прозорец кон традицијата“ во рамки на „Скопско лето 2015“.

На програмата се ора и песни од Охрид, вокално инструментални изведби од Скопје, инструментални изведби  на чалгиски инструменти од Велес, како и изведби од пределите Малешевија, Караџова-Меглен, Жеглигово и Овче Поле.

Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура. Активно твори со најдобрите студенти од одделот за етнокореологија при Факултетот за музичка уметност од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од насоката за традиционална музика и игра-Скопје.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022