Концерт „Летај песно“ во МНТ

Од:

Младите музички уметници Тиана Димова, Вејчеслав Поповски, Анастасија Аврамовска, Ени Вучидолова и Бојан Ефтимов во петокот одржаа гала концерт во Македонскиот народен театар.

На концертот „Летај песно“, именуван по композицијата на композиторот Кире Костов беа изведени повеќе музички дела меѓу кои: Schindler’s List , My way, Чија си, The Prayer, Parla piu piano, Кога те нема, Caruso, Летај песно, Volare, The Winner Takes It All,….

За овој гала концерт Вејчеслав Поповски, кој е ученик во втора година во ДУМБЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје самостојно ги подготви аранжманите за оркестарот.

На крајот на концертот се обратија координатор на овој проект Татјана Милојевиќ и претседателката Цветанка Орешковиќ од невладиното здружени „Акција&Реакција“, кои упатија благодарност до Министерство за култура, Македонски народен театар, ДУМБЦ „Илија Николовски- Луј“-Скопје и Факултет за аудиовизуелни уметности ЕСРА–Скопје.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

МНТ ги откажува сите изведби до 22 март, поради трагедијата во Кочани