Концерт и изложба на Скопско лето

Од:

Во рамки на културната манифестација Скопско лето вечер во Културно-информативниот центар (КИЦ) ќе биде отворена изложбата „Фемина 8“, а во Музејот на Град Скопје концерт ќе одржи италијанскиот пијанист Маурицио Анунциата.

„Фемина 8“ е приказ на жената низ различни временски периоди, простори и контексти преку слики, колажи, цртежи, асемблажи, инсталации, редимејд, видеа. Ја организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), а со свои уметнички записи ќе се претстават Трујкановиќ, Паскали, Кировска, Вренцовска, Милованчев, Томиќ Радеска, Петрушевска и Манева – Чупоска.

На концертот насловен „Аргентинско пијано, емоција и виртуозност“, Анунциата ќе изведе дела од Вилијамс и Гинастера, како и две сопствени композиции од кои едната е инспирирана од македонската фолклорна музика.

Анунциата, чии родители потекнуваат од Италија, е роден во Буенос Аирес. Од најрана возраст свири на пијано и покажува афинитети кон компонирање музика. Студирал со Лиа Чимаља Еспиноза, последната поврзувачка нишка со престижноста за компонирање и изведување Аргентински пијанизам. Досега има добиено признанија за 150 дела, вклучувајќи симфонии, концерти, соло песни, опери, камерна музика и композиции за пијано.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022