Комедијата Жорж Данден вечер пред стружани

Од:

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ вечер ќе гостува патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани со комедијата од Молиер „Жорж Данден“, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Преку ликот на Жорж Данден, младиот режисер ја испраќа пораката  за животот, но и дилемата за подготвеноста за прифаќање на промените.

– Пораката е токму тоа, да се чуваат сите луѓе од оние кои прават маски и кои пробуваат да ја цицаат крвта од нивните џебови, информира Ризески.

Животот, додава тој, секогаш продолжува, што и да се случи и покрај тоа што семејството повеќе не може да се сочува.

Театарската дејност е составен дел од културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, обединета во рамките на патувачкиот театар „Поклони се и падни“.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“