Комедијата „Добредојдовте во Германија“ го отвора „Кафе кино“

Од:

Со комедијата „Добредојдовте во Германија“ на Симон Верховен од 2016 година, вечер од 21 часот во Сули ан ќе биде отворено 11-дневното „Кафе кино“ кое е составен дел од програмата на фестивалот „Скопско лето“.

Утревечер ќе биде прикажана спортската комедија од Швајцарија „Стрикер (Гол натрапник)“. Проекциите ќе продолжат до 16 јули, секоја вечер од 21 часот. Влезницата за секој филм е 100 денари.

Покрај овие два, на „Кафе кино“ годинава сé уште девет понови европски филмски наслови: италијанската комедија „Хотел Гагарин“ (8 јули); швајцарскиот документарец „Хотел Југославија“ (9 јули); семејната драма од Италија „Море од жито“ (10 јули); шпанско-француската хорор-комедија „Убивајќи го Бога“ (11 јули); унгарската фантастична романтична комедија „Лиза – лисицата самовила“ (12 јули); од Унгарија е и историската авантура „Кинцсем – обложи се на одмазда“ (13 јули); данската комедија „Кариран нинџа“ (14 јули); италијанската авантура „По стапките на мојот татко“ (15 јули) и германско-италијанската авантуристичка драма „Планинско чудо“ (16 јули).

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022