Комедијата „Централ парк-Запад“ во Универзална сала

Од:

Соларис продукција во соработка со независниот Театар 007 во среда премиерно ќе ја изведе комедијата „Централ парк-Запад“ од Вуди Ален во режија на Игор Ивковиќ, на Малата сцена во Универзалната сала.

– Претставата „Централ парк-Запад“ не е обична комедија, туку повеќе од тоа. „Вудиаленовскиот“ интелектуален хумор, придружен со совршената психолошка вивисекција на карактерите, не само што насмевнува, туку отвора важни секојдневни прашања за кои секогаш треба да се најде вистинскиот одоговор, вели режисерот Ивковиќ.

Во претставата играат: Ирена Илиевска, Ангела Наумоска, Марко Богдановски, Јеткин Сезаир и Елизабета Клинчаревска-Младеновска. Дизајнот на претставата (сценографија и костимографија) е на Маре Трајковска.

По премиерата на 10 декември, претставата репризно ќе биде изведена следниот ден на истата сцена.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ