Кочовски и Милошевски на театарска резиденција во Франција

Од:

Третата по ред театарска резиденција на македонски драмски автори и режисери во Каен, Долна Норманадија започна на 21 мај. Во нејзини рамки авторот Горјан Милошевски ќе работи на поставување на драмата “Човекот кој не знаеше да каже НЕ!” (21 – 29 мај) во соработка со режисерот Мартин Кочовски и пет франсуски актери од Панта театарот од Каен.

Резиденциите се организирани од Локомотива и Панта театарот од Каен, во рамки на програмата за Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија (Франција) и Македонија.

По успешно реализираните резиденции на Дејан Дуковски, како автор на драмата “Утерус” работена со францускиот режисер Ги Деламот (29 април – 07 мај) и на авторот Срѓан Јаниќијевиќ со режисерката Нела Витошевиќ (10 – 18 мај) кои работеа на драмата на Јаниќијевиќ – “Шехерезада”, следи резиденција на авторот Горјан Милошевски кој ќе работи на на поставување на драмата “Човекот кој не знаеше да каже НЕ!” (21 – 29 мај) во соработка со режисерот Мартин Кочовски. Сите три резиденции се релаизираат во Панта театарот во Каен, Долна Нормандија во соработка со пет француски актери од театарот.

Овие резиденции се дел од проектот “Пишување и режија, денес” – 18-то издание на фестивалот за соврмени дела посветено на Македонската драматругија. Овој проект е од големо значење за Македонија бидејќи овозможува афирмација и промоција на македонската современа драма, македонските драматурзи и режисери во Франција, превод на три македонски драми на француски јазик и нивно поставување на сцена на француски јазик со француски актери.

Првата фаза на проектот ќе се заокружи на 30 мај, со организација на еден целовечерен настан посветен на македонската драматургија, во рамки на кој сите три македонски драми ќе бидат поставени на сцената на Панта театарот, пред франуска публика. Настанот ќе биде проследен и од представници на институционалниот културен сектор на регионот Долна Нормандија, кои освен што ќе имаат можност да се запознаат со современите македонски драмски дела, тие ќе можат и директно да комуницираат со македонските автори и режисери, кои ќе бидат присутни на овој целовечерен настан.

Втората фаза од проектот ќе се релизира во Скопје, во септември, во партнерска соработка со Македонскиот народен театар. Во нејзини рамки францускиот режисер Ги Деламот 10 дена ќе работи со француската авторка Сабин Ревије на поставување на нејзината драма “Пардон” во соработка со пет македонски актери од театарот. По завршување на работниот процес, драмата ќе биде претставена пред македонската публика. На овој начин во Македонија ќе ја промовираме и современтата француска драма, која ќе биде поставена на македонски јазик на сцената на Македонскиот народен театар, во изведба на пет македонски актери.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он