Книжарницата Или-или со саботна акција за шпански автори

Од:

Во шестото „Саботно мени“ оваа година, издавачката куќа Или-или, утре 28 февруари, на своите читатели им нуди два  романи од шпански автори.

Хипнотичната приказна за моќта на таинственоста, за бракот, убиството, сомнежот, молкот и убедувањето, насловено „Срце толк бело“  на Хавиер Маријас, како и прекрасната приказна погледната низ детски очи „Светот“ на авторот Хуан Хозе Милјас, во која секој на светот се прилагодува на свој начин, како знае и умее.

Со купувањето на двете книги, како и досега, читателите кои ќе дојдат во Или-или ќе добијат  и подарок – уште една трета книга. Овој пат изборот падна на еден од ретките преводи од кинески на македонски јазик, новелата „Златен оков“ на Џанг Ајлинг.

Книгите ќе бидат на попуст од 50 до 30 отсто. Акцијата ќе се одржува меѓу 10 и 16 часот

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ