Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје ја објави книгата „Ликовната уметност е она што (не) се гледа“ од проф.д-р Христо Петрески. Станува збор за ликовни критики, осврти и рецензии посветени на најрепрезентативното светско ликовно творештво, но и на современата македонската ликовна уметност денес.
– Книгата има два дела: Светско пано и Македонско пано. Во првиот дел се застапени прилози за: Марина Абрамовиќ, Леонардо да Винчи, Салвадор Дали, Енди Ворхол, Кристо и други, но и за мултимедијалните уметности, уличната уметност, поп-артот, апстрактната уметност, енформелот, илустрирањето (визуелизацијата) и повеќе други ликовни области и теми. Во вториот дел се публикувани текстови за: Данчо Ордев, Владимир Темков, Димитар Малиданов, Ангел Димовски, Тони Чатлески, Жарко Башески, Наташа Милованчев, Росица Лазеска, Павле Кузманоски, Ибрахим Беди, Маја Кировска, Мице Јанкуловски, Владимир Величковски…, соопшти „Феникс“.