Ќе се конзервираат и реставрираат иконите, иконостасите, ѕидно сликарство во две цркви во кумановскиот регион

Од:

Иконостасите, ѕидното сликарство во црквите „Свети Ѓорѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане и „Воведени на Богородица“ кај село Сув Орах, кумановско ќе се конзервираат и реставрираат.

Средствата се обезбедени од Министерството за култура, а проектите ќе ги реализира Националниот конзерваторски центар Скопје. За непосредна заштита, проект за конзервација и реставрација на sидното сликарство на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“, во Младо Нагоричане одвоени се милион денари, за конзервација и реставрација на 20 празнични икони и на иконостасната конструкција, втора фаза во оваа црква од Општина Старо Нагоричане одвоени се 250.000 денари, информираат од Министерството.

Црквата претставува споменик на културата од 16 век, изградена во поствизантиски стил.

За манастирот Карпино или „Воведение на Богородица“ кај село Сув Орах, за изработка на проект за конзерваторско-реставраторски работи на дрвената иконостасна конструкција (нов иконостас, XIX век) и гредната конструкција (стар иконостас, XVI век) од Карпинскиот манастир „Воведение на Богодорица“ одвоени се 60.000 денари, додека за конзерваторско-реставраторски работи на дрвената иконостасна конструкција (нов иконостас, XVI век) и на гредната конструкција (стар икононостас, XVI век) од Карпинскиот манастир предвидени се 100.000 денари.

Манастирот Карпино бил познат скрипторски центар во 16 век, изграден е во византиски стил. Скапоцената колекција на стари празнични икони се наоѓа во галеријата на икони во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово.

Реализацијата на проектите, нагласуваат од Министерството ќе се одвива согласно предвидената динамика и временските услови.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски