– Насликани со исушени бои, изгорена трева, зрело жито, дрвја кои издржуваат долги суши ја доловуваат разнобојоста на мојата родна Отошница. Тие пејсажи се дел од моите рани искуства кои секогаш можам да ги разбудам во себе.
– Во секој од нас постојат емотивни мапи од детството. Најмногу ги сликам летните пејсажи кои се врзани со најсреќните денови од мојата младост – вели Станковски за српски „Денес“, по повод изложбата „Ликовните уметици на Македонија во Србија, пријатели и гости“ која ќе се случи на 25 Мај.
Во интервјуто, тој говори дека пристигнувањето во Белград, уште за време кога бил главен град на Југославија, му станал подеднакво важен како Македонија.
За Белград, како што вели Станковски, го врзуваат луѓето, неговата отвореност, истата онаа човечка непосредност и блискост со која пораснал во неговото родно село близу Крива Паланка.
Неговите слики опфаќаат и портрети на Александар Македонски.
– Се обидов да ја насликам тагата која мора да ја чувствува секој војник. Александар Македонски се спремаше да биде учен човек, а стана освојувач – вели Станковски.
Петар Клинчарски