Кинотеката одбележува 39 години работење, наградата „Златен објектив“ за Драган Салковски

Од:

Кинотеката на Република Македонија денеска одбележува 39 години од почнувањето со работа и 41 година од донесувањето на Законот за нејзино формирање. По тој повод денеска во Кинотеката на Драган Салковски, еден од најреномираните и најеминентни македонски филмски сниматели, директорката на таа национална установа, Мими Ѓоргоска Илиевска му ја додели традиционалната награда „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

– Чувањето на аудиовизуелното наследство е една од основните дејности на Кинотеката на Република Македонија. Годишниците се моменти кога се анализираат резултатите од дотогашната работа, од реализацијата на вложениот труд и ефикасноста на искористената интелектуална енергија. Тоа се моменти кога се согледува личниот влог во успехот на колективот, но и влијанието на колективот врз субјективниот работен и професионален ентузијазам, рече Ѓоргоска Илиевска.

Драган Салковски, потенцира таа, својата филмска дејност ја почнал во 1959 година, по што од 1969 до 1997 година ја остварува својата уметност во рамки на продуцентската куќа „Вардар Филм“. – Покрај својата примарна и извонредна снимателска дејност во рамки на македонскиот документарен филм, тој зад себе има оставено и значајно творештво и дело со реализацијата на десеттина играни филмови во продукција на „Вардар Филм“ и во уште толку во странска продукција, рече Ѓоргоска Илиевска.

Таа посочи дека значаен сегмент во филмската дејност е неговиот исклучителен придонес во создавањето на филмската документација на „Вардар Филм“.

– Филмското творештво на Драган Салковски е доволно големо сведоштво за неговиот исклучителен придонес во македонската кинематографија и неговата умешност и вештина да ја користи камерата како една од најјасните и најсилните ознаки во препознатливоста на филмските дела. За големото снимателско дело на Салковски сведочат и повеќето негови награди и признанија, додаде Ѓоргоска Илиевска.

Салковски истакна дека наградата „Златен објектив“ за него претставува признание за неговата долгогодишна работа.

– Почетоците беа тешки. Работевме со постара техника, немавме доволно објективи. Работам во „Вардар Филм“ од крајот 1959 година. Имам работено многу документарни, кратки и играни филмови. За филмот „Оловна бригада“ (1980) добивме современа техника и објективи, камера. Во тоа време бевме опремени со најдобра техника. Денеска се е нова техника, се се работи на електроника, рече Салковски.

Во Кинотеката беше прикажан документарниот филм „Ликвидатор“, добитник на Гран при на Фестивалот на документарен и кусометражен филм во Белград.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска