Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Од:

По повод 100 години од раѓањето на Марлон Брандо, Кинотеката денеска, утре и на 22 јуни со почеток во 20 часот, ќе прикаже три филма во кои великанот на филмот е во главната улога. Филмовите ќе бидат во оригинален формат, на 35 мм лента, како и во времето на премиерните прикажувања.

Вечер ќе биде прикажан вестернот „Да живее Запата!“ во режија на Елија Казан од 1952 година, утре на програмата е „Квемада – Островот во пламен“ на режисерот Џило Понтекорво од 1969 и в сабота (22 јуни) – филмот „Југозападно од Сонора“ во режија на Сидни Џ. Фјури, снимен во 1966 година.

-Американски ловец, британски платеник и мексикански револуционер – во каква и да е улога, актерската легенда Марлон Брандо доминира на екранот. Неговото специфично, артистичко умеење секогаш ја фасцинира филмската публика, соопшти Кинотеката.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ