Кинотеката ја објави програмата за февруари

Од:

Кинотеката за месечната програма за февруари најави проекции на десетина наслови од поновата македонска играна и документарна продукција и копродукциски проекти.

Во февруари публиката ќе има можност да ги види „Кобра“ на Игор Иванов-Изи, „Незаборавна пролет во заборавено село“ на Куштрим Бектеши, „Збор“ на Слободан Деспотовски, „Илузија“ на Светозар Ристевски, „Медена ноќ“ на Иво Трајков, „Враќање“ на Кастриот Абдили, „Жената на мојот живот“ на Антониј Дончев и „Пијавици“ на Драган Маринковиќ.

Во слава на актерката Неда Арнериќ, која почина неодамна, идниот месец ќе бидат прикажани „Време без војна“ и „Истрел“ на Бранко Гапо, „Татко“ („Колнати сме, Ирина“) на Коле Ангеловски и „Исправи се, Делфина“ на Александар Ѓурчинов.

Кинотеката соопшти дека во 2019 била рекордно посетена од 20 486 гледачи и организирала 584 проекции, но дека во 2020 година целта е да се надмине таа бројка, со повеќе проекции и поатрактивни наслови, со позабавна и исклучителна филмска програма.

Февруари е традиционалниот термин за дводневниот фестивал на музички документарци „Скопје синема сити“, а веднаш по него следуваат Денови на словенечката култура. Во рамките на овие денови, а по повод 100 години од раѓањето на режисерот Франце Штиглиц – кој ја задолжи и македонската кинематографија со два играни филма, „Волча ноќ“ и „Виза на злото“ – ќе бидат прикажани неговите меѓународно наградувани филмови „На својата земја“ и „Долина на мирот“, како и „Вистински копилиња“ на Јоже Бевц и „За душа“ на Матјаж Клопчич, соопшти Кинотеката.

Февруари ќе биде и месец на Фестивал на иранско-македонски филм, во чии рамки покрај осум играни наслови од поновата продукција ќе бидат прикажани и четири нови успешни македонски филмови.

Покрај филмски проекции, идниот месец, 29 февруари, ќе биде одржана сценаристичка лабораторија со Димитар Банов, на која ќе биде прикажан „Граѓанинот Кејн“ на Орсон Велс.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска