„Кино утро“ за најмладите од вторник во Кинотека

Од:

Кинотеката на Македонија и овој зимски распуст за најмладите ќе ја организира филмската програма „Кино утро“ од 9-ти до 20 јануари.

Ќе почне во вторник со филмот „Мравко“ – приказна за 12-годишниот Пеле кој откако е каснат од мравка добива моќ и се претвора во суперхерој Мравко. Филмот е синхронизиран на македонски и ќе биде прикажан и на 15 јануари. Почетокот е во 12 часот.

На 10-ти и 16 јануари на програмата е анимираниот „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11-ти и 17 јануари – „Малите виленици Пикси“, на 12-ти и 18 јануари – „Мармадјук“ и на 13-ти и 20 јануари – филмот „Змејска топка 2“.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска