Кичево со кино по две децении

Од:

Во просториите на Домот на културата „Кочо Рацин“ почна со работа ново кино во Кичево, по пауза од дваесет години, кога постоеше киното „Партизан“. Последниот филм се проектираше во средината на деведесеттите години, а граѓани се посетуваат со носталгија на тоа време.

„Се сеќавам дека во младоста ние сакавме многу да доаѓаме на кино, бидејќи немавме друга можност да гледаме филмови. Денеска имаме секакви можности, но дојдов овде за да се потсетам на тоа време. Ни недостасуваше и многу добро што се отвори“, рече Лилјана Атасовска (50).

Истовремено, ова иницијатива ја гледаат како позитивна и младите во овој град.

DIGITAL CAMERA

„Нормално дека е добра работа. Во овој град многу ни недостасуваше едно кино. Ние гледаме филмови дома, но во кино е друго чуство. Овде сме заедно со друштвото и во иднина очекуваме дека ќе се емитуваат понови и добри филмови“, рече Ева Стојановска, студентка.

Бројот на присутните во публиката беше симболичен, но во наредните денови се очекува интересот да се зголемува.

Оваа недела се емитуваше циклусот филмови„Војна и мир во pускиот филм“, кој траеше од 11 до 16 мај.

Fatlume Dervishi

 

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ