Кавадарци одбележува 110 години од раѓањето на Темков, еден од најистакнатите културни работници

Од:

Кавадарци денеска одбележува 110 години од раѓањето на Славчо Темков, еден од најистакнатите културни работници.

– На 28 ноември 1911 година во Кавадарци е роден Темков, еден од основоположниците и двигателите на културното и спортското живеење во Кавадарци во периодот помеѓу двете светски војни. Уште како ученик во гимназијата во 1928 година ја поставил пиесата „Кољо и Невенка“. Таа доживеала голем успех и била изведена неколку пати во кафаната „Југославија“. Во 1928 година по негова иницијатива е формирано културно – просветното и спортско друштво „Братство“. Истата година е иницијатор на формирање на фудбалскиот клуб ,,Победа“, во кој е секретар, потсети историчарот Петре Камчевски.

Темков ги поставува и пиесите „Зла жена“, „Цар Киро“, „Кнезови од Сендерија“ и други.

– Во 1938 година ја поставува пиесата ,,Слугата Јернеј и неговото право“ со Димката Ангелов и Милан Даскалов во главни улоги. Во текот на НОВ се вклучува во Првата македонска дивизија се до 1945 година. По војната доверено му е да го обнови и да раководи со театарот во Кавадарци. Работи како референт за народно описменување на населението во кавадаречко по војната, рече Камчевски.

Тој е татко на познатата македонска сликарка Ана Темкова. Починал во Скопје на 1 мај 1995 година.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Семејно насилство во Кавадарци: Маж ја истепал сопругата

Горан Наумовски