Карикатури од Бугарската школа на карикатури во Кочани

Од:

Во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше отворена изложба на карикатури, дело на Бугарската школа на карикатури. На изложбата се поместени триесетина дела на двајца бугарски карикатуристи од оваа Школа, Валериј Александров и Ивајло Цветков, карикатури наградувани на повеќе светски натпревари.

– Вечерва сме во Кочани да ги претставиме нашите наградувани карикатури со кои добивме светска слава. Нашите дела се дел од Бугарската школа на карикатура во која членуваат повеќемина афирмирани бугарски карикатуристи, изјави Валериј Александров, карикатурист од Бугарија.

За Миле Горгиоски картикатурист и афористичар од Македонија ова е почеток на една плодна соработка која карикатуристите од Македонија ја остваруваат со Центарот за култура во Кочани. По оваа изложба наредниот месец ќе биде претставена школата на карикатури од Хрватската и Српската школа на карикатури, а во месец септември гостуваат најдобрите сатиричари, членови на Македонската школа на сатира.

Изложбата на бугарските карикатуиристи е дел од меѓународната културна манифедстација Петровденски конаци 2015 која се одржува во Кочани по повод Петровден, празникот на градот и финансиски е помогната од Министерството за култура и општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена