Караван на книгата во кумановската билиотека „Тане Георгиевски“

Од:

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ во соработка со Издавачкиот центар Три од денеска до сабота организираат „Караван на книгата“, на кој читателите ќе имаат можност да се снабдат со нови наслови со специјални намалувања и саемски попуст. Дел од читателите се снабдуваат со книги за летните одмори, а дел ја збогатуваат домашната библиотека.

– Во летниот период се позачестени се саемите на книга од причина што е намален бројот на читатели, учениците не одат на училиште и позајмувањата во поглед на лектирните изданија е намалено, така што со овој начин планираме да го зголемиме интересот кај граѓаните во однос на читањето книги, изјави директорот на кумановската библиотека Марјан Петковски.

Тој информираше дека кумановската библиотека постојано контактира со издавачките куќи од Македонија, така што сите оние кои ќе ја прифатат нивната покана за организација на вакви саеми на книги со саемски попусти, ќе имаат можност да ги промовираат нивните дела пред читателската публика.

– Имаме голем избор за сите старосни групи од најмлада до највозрасната читателска публика од белетристика, психологија, автобиографски. Во последниве неколку години се повеќе и повеќе нашите изданија се во електронска форма, дефинитивно можеме да кажеме дека особено помладата читателска публика е повеќе заинтересирана за електронски изданија, но сепак генералната слика ни кажува дека луѓето во Македонија, читателската публика повеќе е традицонална и сака стар формат за читање на книги, изјави Андреја Марковски од издавачки центар „Три“.

Претходно, кумановската библиотека спроведе набавка на книги со која го збогати книжниот фонд со 846 книги од единаесет издавачки куќи, односно 281 наслов за што одвои приближно 300.000 денари.

Во текот на летото, надлежните од библиотеката планираат повеќе манифестации,чија цел е популаризација на книгата меѓу читателската публика во Куманово, меѓу нив промоции на книги од домашни автори, литературни читања и трибини, часови со писатели.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски