Канческа-Милевска: Белгиски поети и уметници во иднина гости на Струшките вечери на поезијата и на Охридско лето

Од:

Министерството за култура на Република Македонија склучи меморандум за тесна соработка на голем број проекти од културата и археологијата со Министерството за култура на белгиска Фландрија што во иднина ќе овозможи уште поголема промоција на македонското културно богатство во Белгија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Во рамки на тродневната посета на Брисел каде вчера започна неделата на македонската култура во главниот град на Европската унија, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари неколку значајни билатерални средби. Утринава, Канческа-Милевска се сретна со градоначалникот на Брисел, Фреди Тилеманс, а потоа и со министерката за култура на Фландрија, Јоке Шаувлиеге и со генералниот администратор на Валонија Брисел интернационал, Филип Свинен.

– Од огромна важност е што Република Македонија ги одржува овие денови на македонската култура овде во Брисел оти и лани имавме еден прв значаен културен настан тука, а се однесува на изложбата на македонските ракописи во Кралскиот музеј во Мариемонт. Годинава се навршуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Белгија и Македонија и по тој повод се потрудивме да направиме една презентација на македонската култура, истакна министерката Канческа-Милевска по овие средби.

Според македонската министерка за култура, сите овие нововоспоставени контакти во областа на културата се од голема важност за нашата држава, за соработката во областа на културата оти значајно е што Македонија е присутна тука во Брисел во срцето на Европа. Таа вели дека како држава имаме што да понудиме и да разговараме за културната размена, а оваа недела на македонската култура понуди изложба на вреден накит и македонски носии што вчера предизвика голем интерес и е изложена во еден престижен простор како што е Министерството за надворешни работи на Фландрија и две недели ќе може белгиската јавност да ја погледне оваа изложба на Музејот на Македонија.

– Денешните средби со градоначалникот на Брисел и со министерката за култура на Фландрија понудија можност за интанзивирање на соработката и размена на конкретни проекти во делот на култура. Мене ме импресионираше средбата со министерката Шаувлиеге со која уште на првата средба договоривме потпишување на меморандум од областа на културата со конкретни проекти кои ќе се трудиме и да ги реализираме. Со неа разговаравме и за учество на белгиски поети на Струшките вечери на поезијата и на присуство на нивни уметници на Охридското лето. Формиравме работни групи што ќе комуницираат и кои во меморандумот ќе предложат конкретни проекти за соработка и во делот на археологијата, размена на одредени изложби меѓу националните галерии, музеи и други, но и поголем присуство на македонската култра овде и на белгиската култура во Македонија, вели Канческа-Милевска на која нејзината фландриска колешка и даде позитивни забелешки што нашата земја, како и Белгија, многу вложува во културата во време кога во речиси сите европски земји се намалува буџетот за оваа намена.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје