Канадскиот пијанист Сковородников ќе настапи на „Охридско лето“

Од:

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва со почеток во 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе концерт на канадскиот пијанист Еуген Сковородников.

Сковородников на љубителите на уметноста во акустичниот амбиент на охридската катедрала ќе им долови дела од Фредерик Шопен и Петар Илич Чајковски.

Критиката го опишува како изведувач со „извонредна изведувачка техника“, „неспоредлива елеганција и волшебна моќ“, „совршено мајсторство во свирењето и истенчено чувство за стил“. Еуген Сковородников додипломските студии ги завршил во 1981 година на Државниот универзитет за уметности во Харков, Украина, а постдипломските на Конзерваториумот во Санкт Петерсбург. По завршувањето, тој останува да работи во оваа институција сè до 1990 година, кога ја напушта земјата.

Во 2006 година, Еуген Сковородников за своите достигнувања во образовната и изведувачката практика бил награден со Почесен докторат на полето на музичките уметности од Државниот универзитет за уметности во Харков. Во текот на својата кариера настапувал на некои од најпрестижните концертни сцени во Русија, Канада, Италија, Кина, Израел, Украина, САД. Покрај солистичката дејност, Сковородников настапува и како камерен изведувач, соработувајќи притоа со голем број познати музичари. Често може да се сретне како член на жирито на интернационалните пијано натпревари во Италија и Германија, а познати се и неговите мајсторски курсеви што ги одржува на интернационалните фестивали во повеќе земји.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма