„Каде да (не) се оди?“ е насловот на изложбата на 12 македонски уметници, која е поставена денеска во Галеријата МЦ во Њјуорк. На 23 февруари (19. 00 ч) ќе се одржи официјално отворање на изложбата и разговор со кураторот Јованка Попова и уметниците Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски.
На изложбата се презентирани делата на: Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Александар Ковачевски, Владимир Лукаш, Нада Прља, Даниел Серафимовски, Тихомир Топузовски, Никола Узуновски, Неда Фирфова, и Јане Чаловски.
Куратор е Јованка Попова, а организацијата на проектен простор „Прес ту егзит“
Во текстот за оваа изложба „Kаде да (не) се оди? – или протестот како чина на шрпзводство на урбаниот простор“, Попова пишува:
„Осврнувајќи се на теми како што се историскиот и урбан развој на Скопје, социјалната нееднаквост, политичката, културна и економска репресија врз маргинализираните, скорешните несоодветни образовни реформи и редизајнирање на традиционалните вредности, уметниците претставени во групната иложба KAДЕ ДА (НЕ) СЕ ОДИ? не отстапуваат од потребата за аргументирање и натамошно истражување на нивните индивидуални позиции.
Оттука, каде да (не) одиме? всушност се однесува на она – зошто да чекаме повеќе?
Вниманието е свртено кон она што е лево ориентирано и неискажано, она што се огласува зад тишината на сивата документација, граничните точки во кои дискурсите се оспорени или пак генерираат контра-дискурси. Изложбата е конципирана во четири целини во кои се групирани по три дела од поновата продукција на дванаесет современи македонски автори.“
Изложбата која е претставена во Галерија МЦ во Њујорк, е дел од поширокиот проект „Каде да (не одиме)?“ кој свое прво претставување имаше во рамки на „Istanbul Contemporary“ во 2012, а ќе продолжи да се развива и во текот на 2015 година.