Јубилејниот роденден на Кинотеката во фокусот на нејзината априлска програма

Од:

Кинотеката на Македонија вечер ќе ја почне априлската програма со проекција на францускиот игран филм од 2011 година „Скајлаб“ во режија на Џули Делпи.

Овој месец (27 април) Кинотеката ќе го прослави својот роденден со кој ќе одбележи 40 години работа на прибирање, обработка, чување, заштита и презентација на филмови и филмски материјали од посебно национално и светско уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење.

По тој повод Кинотеката ќе ја додели наградата „Златен објектив“ за особен придонес во македонската кинематографија на македонски автор, а публиката ќе може да ги погледне и реставрираните филмови „Хај фај“ на Владимир Блажевски, „Жед“ на Димитрие Османли и „Татко“ (Колнати сме, Ирина) на Коле Ангеловски.

– И покрај дигитализирањето на филмовите и осовременувањето на опремата во кинотечното кино, сепак Кинотеката не се откажува од проекциите на 35-мм филмска лента. Затоа овој месец љубителите на филмот ќе можат да го погледнат култниот филм „Дискретниот шарм на буржоазијата“ на Буњуел, како и филмот „Лулу“ на Валеријан Боровчик, информира институцијата.

Од 7-ми до 9 април во соработка со Филозофското друштво на Македонија, Кинотеката вторпат ќе го организира Филозофскиот филмски фестивал, во чии рамки ќе бидат прикажани филмовите „Еден маж и една жена“ на Клод Лелуш, „Касаба“ на Нури Билге Џејлан и „Дванаесет гневни луѓе“ на Сидни Ламет.

Во априлската филмска програма е и Скопскиот филмски фестивал, на кој од 22-ри до 30 април во Кинотеката ќе биде прикажан дел од фестивалската програма и ретроспектива на тајвански филмови.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска