Јубилејна 50. Струмичка ликовна колонија

Од:

Во НУЦК „Антон Панов“ вечер во Струмица ќе биде отворена јубилејната 50. Меѓународна струмичка ликовна колонија 2013.

На отворањето ќе биде презентирана ретроспективна изложба на дела создадени во изминативе 49 години.

Во наредните 15 дена на колонијата ќе творат дваесетина уметници од земјава, како и од Србија, Црна Гора, Бугарија, Турција, Италија, Полска и од Русија.

На покана од организаторот  дел од колонијата ќе бидат и доајените на македонското сликарство – Глигор Чемерски, Ана Темкова и Газанфер Бајрам, кои се учесници на оваа културна манифестација од самиот почеток. По 20. пат ќе работи и студиото за мозаик под менторство на академскиот сликар Александар Филев.

Ликовната колонија е под покровителство на Министерството за култура и Општина Струмица. Создадените дела ќе бидат изложени на 11 септември – Денот на ослободувањето на Струмица.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска