Јубилејна 30. изложба на Роберт Цветковски во „Galerry MC” во Њујорк

Од:

Јубилејната 30-та самостојна изложба на реномираниот академски сликар од Крива Паланка, Роберт Цветковски, е закажана за 10 јануари 2019 година во “Galerry MC”, Њујорк, Соединетите Американски држави.

Како најава на изложбата Цветковски го посети градоначалникот Борјанчо Мицевски и му подари едно уметничко дело кое од денес ќе го краси неговиот кабинет.

– Горд сум што токму во нашиот град живее и твори ваков амбасадор на културата, реномиран сликар и виртуоз на сликарството, чиишто дела ги красат уметничките збирки на сите континенти. Културните амбасадори, кои се најдобрите промотори на општината и државата, секогаш ќе бидат препознаени и поддржани од страна на општина Крива Паланка, рече Мицевски.

Во досегашниот работниот опус на Цветковски создал околу 900 дела во различни сликарски техники и над 1000 цртежи, а негови дела се изложени во бројни светски збирки во институции и приватни колекции во: САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Германија, Хрватска, Црна Гора,БиХ, Турција,Србија, Бугарија,Македонија и во постојаната колекција на Центар за современа уметност-Подгорица,Црна Гора.

Триесеттата самостојна изложба на Цветковски, амбасадор на културата од Крива Паланка и Македонија, ќе биде поставена од 10 до 25 јануари 2019 година во една од најпознатите светски галерии, “Galerry MC”, Њујорк, која поддржува популарни и докажани уметници, иноватори, архитекти и креатори на уметнички перформанси.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска