Јубилеј за почит – 30 години КУД “Пере Тошев“

Од:

Во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“, КУД „Пере Тошев“ вечерва со целовчерен концер, го одбележа својот јубилеј, 30 години од своето постоење. КУД „Пере Тошев“ пред публиката го презентира својот богат репертоар на староградски песни и хармонизирани староградски песни и уште еднаш го потврди своето високо реноме. По повод 30 години од постоењето на КУД „Пере Тошев“ градоначалникот на Прилеп,Марјан Ристески им подари уметничка слика со градскиот саат, како симбол на договечноста на ова КУД. При оваа пригода тој им го честита јубилејот и им посака уште многу јубилејни настапи.

-КУД “Пере Тошев “ преставува културен бренд на градот и затоа има огромна поддршка од локалната самоуправа.Уште долго време да опстојуваат и да ја забавуваа, не само прилепската и македонската публика, туку со своите настапи да продолжат и надвор да ја презентираат македонската староградска песна – рече градоначалникот, Марјан Ристески, кој присуствуваше на концертот.

-Во изминатите години работевме, со голема љубов, ентузијасти, се посветивме максимално на она што го работиме, со единствен цел да ги разнежнуваме срцата на љубителите на староградската македонска песна.Тоа за нас е необично задоволство и гордост – истакнаа членовите на КУД „Пере Тошев„.

На јубилејниот концерт, во чест на 30 години од постоењето на КУД “Пере Тошев“ настапија и КУД „Моминок“, „Севдах“, гости од Врање и „Прилепски еснаф.

Инаку, КУД „Пере Тошев“ е формиран во 1987 година. На почетокот броело 25 члена, во чиј состав имало мешан хор и рецитаторска секција. Сега КУД „Пере Тошев“ преставува културен музички бренд на Прилеп и брои повеќе од 30-тина членови. Во изминатиот период и досега КУД “Пере Тошев“ учествувало на голем број реноминирани домашни и странски културни манифестации , а за промовирање на градот,за негување на македонската староградска музика, КУД „Пере Тошев„ е и добитник на највиското градско признаие, третоноемвриската награда на град Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски