Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Од:

Со претставата „Графити“ во изведба на театарот од Прешево и доделувањето на наградите за најдобрите, доцна синоќа, заврши 23. Издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар.

Стручното жири наградата за најдобар актер му ја додели на актерот Јордан Симонов, за улогата на Павле, во претставата „Лагата“ во режија на Бесфорт Идризи, а во изведба на актери од Македонскиот народен театар.

Ова е второ фестивалско учество на претставата, по она на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов, за истата улога, го доби највисокото актерско остварување, лауреат.

За најдобра актерка беше прогласена Суела Бајко од театарот „Алексадар Моисиу“ од Драч, која настапи во претставата „Отворен пар“ што заедно ја изведоа со актерите на гостиварскиот тетар. Наградата за најдобра режија му беше доделена на Куштрим Бектеши за претставата „Измамите на Патук“ во изведба на тетовскиот тетар. За најдобра претстава, стручното жири одлучи да ја прогласи „Графити“ на театарот од Прешево, во режија на Насер Шатроли.

Одржувањето на фестивалот финансиски беше поддржан од македонското Министертво за култура со 750 илјади денари, општина Дебар со 370 илјади, како и други донатори.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ