Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 19 часот ќе биде отворена прва самостојна изложба на Калина Брајковска, насловена „Joiie de Vivre”.
– Сегментот на оваа изложба е полната колоритна линија, која е пуштена на слобода, во потрага по нови форми на психологијата на виденото… Колоритот го нагласува карактерот и времето за себе, создавајќи форми на ослободени фигури. Сликата сама по себе носи симбол и знак, кој означува различни типови знаци сумирани во визуелен настан, пишува во најавата за изложбата.
Брајковска (Скопје, 1979) дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје на отсек Историја на уметност со археологија. Живее и работи во Скопје.