Јавна дискусија во Владата по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Од:

Во организација на премиерот Оливер Спасовски денеска во Владата ќе се одржи јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик и културната разноликост по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

-Јавната дискусија, во која ќе учествуваат и заменикот на претседателот во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман, и директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија Илбер Села, е во рамките на подготовките за донесувањето на Програма за покренување на јавната свест за примена на Законот за употреба на јазиците, соопшти владината прес-служба.

Во работниот дел на дискусијата се поканети да учествуваат и гости од општествената и академската заедница од земјата и од странство, како и претставници на граѓански организации.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик