Јавна дебата за изработка на проект за реконструкција на „Мала станица“

Од:

Во организација на Националната галерија на Македонија денеска ќе се одржи јавната дебата на која ќе се разменат мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“.

Потребата од пообемен зафат за подобрувањето на условите на овој објект, кој е во составот на Националната галерија на Македонија, е со цел приближување кон светските стандарди за презентација, чување и заштита на уметничките дела.

Од Националната галерија на Македонија посочуваат дека има потреба од покривна реконструкција, изработка на депо со придружни конзерваторски простории, соодветен работен простор за вработените, во приземниот дел организирање на едукативен дел и книжарница, целосно реорганизирање на санитарните и електротехничките инсталации, кои се однесуваат на работните простории и на изложбените делови, како и илуминацијата на самата фасада на објектот, дополнително термотехничките и машински инсталации претполагаат еден товарен лифт за превоз на артефакти и лифт за посетители и систем за вентилација и климатизација кој е особено важен за депоата за чување на уметничките дела.

На дебатата поканети се министерот за култура Роберт Алаѓозовски, архитекти и уметници, музејски работници, како и заинтересираната јавност, со цел од неа да произлезат предлози за решенија кои ќе придонесат објектот „Мала станица“ да стане модерен и функционален културен објект по сите современи потреби, норми и стандарди.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија