Јане Коџабашија победник на третиот конкурс за музиколошки труд на СОКОМ

Од:

Трудот „Нови сознанија за потеклото на Кукузел“ од Јане Коџабашија е победник на третиот конкурс за музиколошки труд на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).

Трудот пристигнал под шифра „Кукузел“. Комисијата составена од Марко Коловски и Мирјана Шулајковска-Павловска – музиколози и Александар Пејовски – композитор заклучила дека текстот на Коџабашија, според структурата, употребените методолошки постапки, степенот на иновативноста во толкувањето на потеклото на големиот средновековен мелург и музички творец, целосно заслужува да биде прогласен за победник на овој конкурс.

– Овој текст, освен што користи мноштво податоци од различни светски медиевисти, низ една компаративна анализа наметнува нови видувања на можното потекло на Кукузел и претставува придобивка и за македонската и за светската музиколошка литература што го третира ова прашање, соопшти СОКОМ.

Комисијата заклучила дека треба да биде откупен трудот „Јана Андреевска – Првата Македонска композиторка“.

– Авторите Ангелина Димовска и Тина Иванова преку анализата на делото на Андреевска „Дали сум сокол, бура или бескрајна песна“ промовираат интересни гледишта за причините на помалото присуство на жените – композиторки во светското музичко творештво. Трудот освен овие два централни столба дава и мноштво други податоци за композиторката Јана Андреевска, посочува СОКОМ. 

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска