Изложбата на дваесетина дела насловена „Убава е Македонија“ од академскиот уметник Новица Трајковски ќе биде отворена вечерва, со почеток во 20 часот, во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Ова е трета изложба на авторот пред кумановската публика, а вечерва љубителите на уметноста ќе имаат можност да проследат дела инспирирани од пејзажот од Македонија.
– Преку колекцијата, уметникот ги претставува знаменитостите на Македонија. Авторот епромотор на македонскиот пејзаж користејќи го своето богато сликарско искуство, успева да направи врска помеѓу гледачот и делото. Сликите се работени во големи формати и мислам дека ќе предизвика интерес кај кумановската јавност, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност и директор на кумановскиот Центар за култура.
Новица Трајковски дипломирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Член е на ДЛУМ и досега реализирал 45 самостојни изложби во Македонија и странствоучествувал на групни ликовни изложби, проекти и колонии од државен и меѓународен карактер.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура, а во Куманово ќе биде поставена наредните две недели.